Мики Јовановски Џафер по подолга пауза се јавува со нешто ново на македонската музичка сцена.
-Јас сум воодушевен од Чак Бери. Јас не знам некој да е толку сакан од свои колеги музичари. Џими Хендрикс го свири, Пол Макартни, Брус Спрингстин. Сите музичари го пејат својот дијалект. Од таму и идејата за „Џоле бре Гол“, вели за Утрински брифинг Мики Јовановски Џафер.
-Музичкиот живот е малку потежок од што се мисли. Има многу маки кои ги олеснуваат твоите пријатели. Така во старт, кога беше најтешко се појави Пепи Ренџов. Ја поставивме песната. Сето тоа го продолживме кај Пере Нокаут, вели тој.
Промоцијата на спотот снимен за оваа нумера се случи во рамките на одбележувањето на Свети Трифун, на градскиот плоштад во Кавадарци.
Главен лик во спотот е Божидар Јорданов, кој сонува да стане ѕвезда, свирејќи на дрвено столче среде лозјата во Тиквешијата. И неговиот сон, со многу упорност, вежбање и малку среќа станува јаве.