„Њујорк тајмс“: Валиева користела три лека за срце од кои два се дозволени од ВАДА

1 min read

Руската лизгачка, Камила Валиева (15) во својот организам имала три лекови за срце кои ги користела за лекување и кои биле пронајдени во нејзиниот примерок земен кон крајот на декември, пишува „Њујорк тајмс“.

Покрај лекот триметазидин кој го користела за лекување од ангина пекторис, весникот пишува дека во нејзиниот примерок биле пронајдени и лекови кои не се листата на забранети производи, хипоксен и Л-карнитин.

– Таа имала три супстанци во својот организам при тестирањето од кои две биле дозволени, а една нè – изјави Тревис Тагард, директорот на Американската антидопинг агенција (УСАДА).

Според Тагард, предноста на комбинацијата од трите лекови „била наменета за зголемување на издржливоста, намалување на уморот и за подобра ефикасност во користењето на кислород“.

Камила Валиева и помогна на руската репрезентација да триумфира во екипна конкуренција по што се дозна за нејзиниот пад на допинг тестот по националното првенство во Санкт Петербург кое се одржа на 25 декември, а вчера во доминираше во кратката програма во уметничко лизгање со што се промовира во главен фаворит за освојување на златниот медал.

Меѓународниот олимписки комитет одлучи Валиева да не добие медал се до завршување на истрагата поради нејзиниот допинг тест.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дали знаете што е „сендвич“ генерација? Време е да дознаете!

Следно

Маричиќ и амбасадорите на земјите од Вишеградската група очекуваат поголема динамика во проширување на ЕУ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian