Шпанија ја победи короната, наскоро фудбал пред полни стадиони

1 min read

Шпанските здравствени власти одлучија да дозволат фудбалските стадиони и останатите спортски објекти да бидат исполнети со 100 отсто од капацитетите, изјави министерската за здравство, Каролина Даријас.

Ограничувањата за присуство на навивачите на спортските натпревари целосно ќе бидат укинати на 4 март бидејќи последниот бран на пандемијата на коронавирусот и последната варијанта омикрон, полека стивнува.

Даријас напомена дека на сила ќе остане задолжителното носење на заштитни маски на стадионите, а ќе остане забраната и за пушење, за јадење и за пијалоци на трибините.

Сезоната во Ла Лига започна со дозвола капацитетите на стадионите да бидат исполнети до 60 отсто, по што во октомври беше дозволено 100 отсто, но со појавата на варијантата омикрон, беше дозволено на трибините да бидат исполнети 75 отсто од вкупниот капацитет.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | „Постојат два вида пејачки“: Наташа Беквалац сподели мисла на нашата Калиопи

Следно

Богоевски: „Најспособната менаџерка во Европа“ целосно ја стопираше реконструкцијата на Универзална сала

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian