Променливо облачно со повремен дожд, на планините снег

1 min read

Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, позастапени во западните делови, а на
повисоките планини на северозапад со повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 10 степени.

Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со повисоки дневни температури, особено во сабота. Во петок ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

kurir.mk

Претходно

Франција сака да почнеме преговори со ЕУ во текот на нејзиниот мандат

Следно

Виц на денот: Ако даде Господ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian