Пресврт: Сопругот на убиената Халина Хачинс поднесе тужба против Алек Болдвин

2 mins read

Сопругот на жената убиена за време на снимањето на вестерн-филмот „Рѓа“ (Rust) поднел тужба против актерот Алек Болдвин „и другите одговорни за безбедноста на снимањето“, соопшти адвокатот на семејството Хачинс.

Тужбата е поднесена во округот Санта Фе, Ново Мексико, во име на Метју Хачинс и неговиот деветгодишен син, изјавил адвокатот Брајан Паниш на прес-конференција во Лос Анџелес.

Снимателката и директорка на фотографија Халина Хачинс беше убиена, а режисерот Џоел Соуза беше ранет, кога беше испукан вистински куршум од пиштолот којшто Болдвин го користел за време на пробата на сетот во текот на снимањето на „Раст“.

Инцидентот на ранчот Бонанца Крик во Ново Мексико сѐ уште е под истрага на локалните власти.

Актерот Алек Болдвин тврдеше дека му кажале дека пиштолот е „ладен“, што при снимањето е израз што значи дека е безбеден за употреба, но и дека не го повлекол чкрапалото.

Алек Болдвин е копродуцент и главен актер во филмот.

Инаку, Халина Хачинс е родена во Украина и пораснала во советска воена база на Арктикот. Дипломирала новинарство на Универзитетот во Киев и работела како новинарка во британски документарни продукции во Европа.

Дипломирала камера на Американскиот филмски институт во 2015 година, а Здружението на сниматели ја прогласила за „Ѕвезда во подем“ во 2019 година.

Таа беше директорка на фотографија за акциониот филм од 2020 година „Archenemy“, филмовите „Blindfire“ и „Darlin“.

Нови детали, помошникот режисер призна во полиција: Не проверив дали во пиштолот на Болдвин има лажни куршуми

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фото: Старата скопска чаршија низ годините – синоним за разноликото Скопје

Следно

„Лекип“ нема милост кон Меси

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian