Неизвеноста околу иднината на Мбапе продолжува: Сè уште ништо не сум одлучил

1 min read

Килијан Мбапе кој беше човек на одлука на првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Реал Мадрид, со голот кој го постигна во 93 минута, изјави дека сè уште ништо не одлучил за својата иднина.

Минатиот месец се појави информација дека одличниот напаѓач се договорил со Реал Мадрид од следната сезона како слободен играч да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Но, по вчерашниот натпревар се огласи Мбапе и неговите зборови ја продолжија неизвесноста околу неговата иднина.

– Се уште не сум одлучил за својата иднина. Играм за ПСЖ, еден од најдобрите клубови на светот. Натпреварот со Реал Мадрид нема ништо да промени, сега давам се од себе за својот тим, а ќе видиме што ќе биде идната сезона – рече Мбапе.

Мбапе сезонава постигна 22 гола и имаше 16 асистенции во сите натпреварувања, и постојано неговото се споменува во медиумите како иден фудбалер на Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“ минатото лето достави понуда од 190 милиони евра, но ПСЖ ја одби иако напаѓачот влезе во последната година од договорот.

– Како е можно да се игнорира поврзувавање на моето име со трансфер. Лесно, така што играме фудбал. Ние се прашуваме за премногу работи, зборуваме за многу работи, зборуваме за ПСЖ  и Реал, два големи клуба. Јас сум фудбалер на ПСЖ и секогаш сум среќен – додаде Мбапе.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Револуционерен третман: Излечена првата жена од ХИВ со помош на матични клетки од папочна врвка

Следно

Ковачевски-Руте: Дијалогот Скопје – Софија ќе овозможи заеднички прифатливи решенија за двете страни

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian