Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврово

1 min read

Утрово најстудено било во Берово каде се измерени -2 степени и во Тетово со измерени -1 степен. Најмногу снег има во Маврово каде висината на снежната покривка изнесува 28 сантиметри и на Попова Шапка каде се измерени 28 сантиметри.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, позастапени во западните делови, а на повисоките планини на северозапад со повремени врнежи од снег.

Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 10 степени.

Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со повисоки дневни температури, особено во сабота. Во петок ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

kurir.mk

Претходно

Ковид сертификатите на разгледување пред Уставен суд

Следно

Се асфалтира булеварот АСНОМ на потегот кај „Ист Гејт Мол“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian