Мицкоски: СДСМ и ДУИ се нервозни, имаат 20-тина градоначалници, а немаат направено ниту еден отчет затоа што немаат проекти

2 mins read

И покрај сите проблеми, сепак Општина Ѓорче Петров продолжува да работи на терен, продолжува да ги исполнува ветувањата кои што се дадени пред граѓаните, истакна при денешната посета на Општината претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-И од тука е и нервозата кај нашиот политички конкурент, кога ги напаѓа градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. А, имате во Македонија повеќе од 20 градоначалници од СДСМ и од ДУИ, а јас ниту отчет видов, ниту знаеме кој проект го реализираа.

Така што сето тоа кое што денеска претставува напад, сето тоа кое што претставува непринципиелен напад, ние со насмевка мораме да го прифатиме и истовремено да одбиеме што би се рекло на невистините кои што доаѓаат од нашиот политички противник СДСМ.

А, она кое што исто така е важно е во периодот кој што следи и покрај сите предизвици да продолжиме да работиме, да го испорачаме тоа кое што сме го ветиле кај граѓаните, но и да испорачаме повеќе од тоа што сме ветиле на граѓаните. Затоа што мора да покажеме дека не се сите исти и дека ние сме различни затоа што ни претстојат предвремени парламентарни избори кога граѓаните треба да ја дадат довербата на тој на кој што тие мислат. А, ние цениме дека сме многу поконкурентни и многу покомпетитивни, и луѓе кои што држат до зборот и тоа што го ветуваат и го испорачуваат, нагласи тој.

Така што срамот ќе си остане кај тие што денеска се гласни, а треба да молчат. А, ние ќе продолжиме да работиме, колку пониско тие удираат толку повисоко ние ќе се креваме.

kurir.mk

Претходно

Ковачевски-Руте: Дијалогот Скопје – Софија ќе овозможи заеднички прифатливи решенија за двете страни

Следно

И третиот стручно-научен столб ја прифати соработката со Кисела Вода за Меѓународниот конкурс за Расадник

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian