Крај на љубовта: Анастасија Ражнатовиќ и Ѓорѓе Куљиќ се разделија по пет години

1 min read

Српската поп ѕвезда и ќерка на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ и познатиот српски бизнисмен Ѓорѓе Куљиќ се разделија по пет години љубовна врска, пренесуваат српските медиуми.

Двајцата вчера решиле да стават крај на врската бидејќи се помалку време поминувале заедно во Србија, поради бројните патувања и деловни обврски.

Имено, причината за раскинувањето била тоа што тие често биле разделени во последниот период, но и други непремостливи разлики.

Одлуката за разделбата била заедничка одлука меѓу Анастасија и нејзиното момче и во истата, не било вмешано трето лице. Анастасија и Ѓорѓе се разделиле на крајно пријателски начин.

За потсетување, Анастасија и Ѓорѓе почнаа да се забавуваат на дочекот на Новата 2017 година. Ражнатовиќ првата година не ја коментираше врската во јавноста, а сите детали за врската се обидуваа да ги скријат од очите на јавноста.

По нешто повеќе од една година врска, Анастасија прозборе за љубовта со младиот бизнисмен, но никогаш не се сликаа заедно за списанија, само папараците успеаја да ги фатат неколку пати на забавата и на семејните веселби.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

И третиот стручно-научен столб ја прифати соработката со Кисела Вода за Меѓународниот конкурс за Расадник

Следно

ЗОИ Пекинг: Златните медали за Норвешка и Германија на спринт трките во крос-кантри

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian