Грција ги олесни ковид мерките

1 min read

Поголемиот дел од мерките во Грција воведени пред Нова година, постепено се укинуваат, па така, дозволено ќе биде стоење и танцување во кафулињата и клубовите, во приватниот и јавниот сектор работата од дома се намалува од 50 на 20 отсто, спортските натпревари ќе се одржуваат со публика од 50 отсто од капацитетот, наместо десет како што беше досега, а по пауза од две години дозволено е организирање училишни екскурзии, пренесуваат грчките медиуми.

Одлуките попладнево ги соопшти министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, по конкретните препораки од комисијата на епидемиолози по денешниот состанок, а мерките ќе стапат во сила во сабота.

-На денешната седница Комисијата на експерти, по барање на Владата препорача укинување на забраната за стоење во просторите за забава, почеток на одржување училишни екскурзии, зголемување на исполнетоста на стадионите на 50 отсто и спроведување 20 проценти работа од дома во приватниот и јавниот сектор. На утрешната седница комисијата ќе ги разгледа поединечните барања. Предлогот на Комисијата е прифатен од Владата, а деталите ќе бидат објаснети во заедничката министерска одлука. Новите мерки ќе почнат да се применуваат од сабота 19 февруари 2022 година, рече Плеврис.

Во изминатите 24 часа во Грција беа потврдени 19.509 нови случаи на Ковид-19, од направени 331.538 тестови, а починаа 82 лица.

Од почетокот на пандемијата во земјата се регистрирани вкупно 2.235.920 случаи на Ковид-19 и 25.001 починати лица.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Новинар и снимател се нападнати со секира во Гостивар, ЗНМ бара итна реакција од МВР

Следно

УЖАС: Гледале и споделувале детска порнографија, шест лица уапсени во БиХ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian