Германија ќе ги укинува рестриктивните мерки против Ковид-19

1 min read

Германија ќе почне да ги укинува повеќето ограничувања воведени за спречување на ширењето на коронавирусот, бидејќи опаѓа стапката на инфекции во државата и тоа сугерира дека бранот поттикнат од сојот Омикрон го достигнал врвот. Тоа го најави канцеларот Олаф Шолц денеска по разговорите со регионалните лидери.

– Државата ќе започне со план од три чекори за постепено отстранување на голем дел од сегашните ограничувања до 20 март, изјави Шолц.

Тој додаде дека Германците, сепак, мора да продолжат да носат заштитни маски и да бидат претпазливи бидејќи „пандемијата не е завршена“.

kurir.mk

Претходно

Турција ги одбројува деновите до отворањето на историскиот мост Чанаккале од 1915 година

Следно

Анжелика Колева искрено за борбата со ракот на дојка: Најважна е психата и позитивната мисла

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian