ФОТО+ВИДЕО | Голем пожар на автобуска станица во Сараево

1 min read

Едно лице е повредено, а неколку згради се оштетени во пожарот што денеска избувна во близина на автобуската станица во Сараево, потврди локалната полиција и службите за итни случаи. Во локализирање на пожарот биле ангажирани повеќе противпожарни возила, кој избувнал откако во објект за брза храна експлодирала боца со плин. Во експлозијата е повредено и едно лице кое било вработено таму.

Точната причина за пожарот ќе биде позната по увидот

Пожарот бил изгаснат нешто по 14 часот, а на повредениот му била укажана лекарска помош во Клиничкиот центар во Сараево.

„Точната причина за пожарот ќе биде позната по истрагата“, рече портпаролот на полицијата Мирза Хаџиабдиќ.

Автобуската станица, лоцирана во близина на американската амбасада, извесно време беше обвиена со густ црн чад бидејќи пожарот зафати серија помали продавници лоцирани веднаш до зградата каде што избувна пожарот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пронајдена жена од Скопје која била пријавена за исчезната

Следно

Швајцарија ги укинува речиси сите мерки против Ковид-19

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian