Фото: Старата скопска чаршија низ годините – синоним за разноликото Скопје

2 mins read

Една од најголемите знаменитости на градот, трговски и културно-историски дел на Скопје, Старата скопска чаршија или позната како Турска чаршија, гордо опстојува многу векови, пркосејќи им на природните катастрофии и на многубројните освојувачи.

 Се наоѓа на просторот од Камениот мост до Бит-пазар и од Калето до реката Серава.

Според административната поделба на градот, просторот на чаршијата се наоѓа на подрачјето на општините Чаир и Центар.

По завршувањето на Втората светска војна, просторот на чаршијата, повторно, се претворил во главен трговски центар во градот. Во тој период, под раководство на Заводот за заштита на спомениците и културата, за првпат започнало систематско истражување и проучување на чаршијата како споменик од непроценлива вредност, кое имало за цел да пронајде начини за нејзина понатамошна заштита.

На 26 јули 1963 со силниот земјотрес кој го погодил Скопје, голем број на дуќани биле целосно разрушени. Од културно-историските знаменитости, речиси целосно разрушени Сули ан, Капан ан, џамиите Араста и Казанџилер, и Ѓулчилер амам. Делумно разрушени биле Чифте амамот, Куршумли ан, црквата „Св. Спас“, Безистенот, џамијата Ќосе Кади и Султан-муратовата џамија.

Обновувањето на разрушената Скопска чаршија продолжило по земјотресот, за чијашто цел до израз доаѓа примената на современ градежен материјал. Во раните 1970-тите биле обновени водоводната и канализационата мрежа, а било извршено и поплочување на улиците низ чаршијата и отстранување на турската калдрма. Во тој период, исто така, бил изграден и мост со стоковна куќа над булеварот Гоце Делчев, со чија помош биле споени отсечените делови од чаршијата. Кратко потоа, започнало и обновувањето на речиси целосно разрушените Капан-ан и Сули-ан, по што биле обновени и останатите културно-историски знаменитости, кои претрпеле штети со земјотресот. Освен тоа, некои градби биле посветени на културата и уметноста, а биле изградени и нови, како што се групата згради во рамките на Музејот на Македонија и Музејот на современата уметност.

Овие фотографии ќе ве водат низ изгледот и некогашниот дух на Старата скопска чаршија во децениите на минатиот век кога била полна со луѓе кои пазарувале, јаделе, пиеле, се собирале….

skopjeinfo.mk

Претходно

Драма во Струмица среде улица: Граѓани крадат алишта од полициско возило (ВИДЕО)

Следно

Пресврт: Сопругот на убиената Халина Хачинс поднесе тужба против Алек Болдвин

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian