ФОТО | Пријателот на пејачот си ја отвори душата: Аки почина, а никој од нив не изрази сочувство

3 mins read

Аки Рахимовски почина на 22 јануари, а со Хусеин Хасанефендиќ Хус помина 47 години, од почетокот на „Парни ваљак“. Хус вели дека смртта на Аки го здробила.

Водачот на култниот бенд „Парни ваљак“, Хусеин Хасанефендиќ Хус (68), за време на гостувањето во „Пресинг“ на телевизијата Н1 зборуваше за деновите по смртта на саканиот пријател и соработник Аки Рахимовски. Со подготовките за концерт во негов спомен, тој откри дека никој од членовите на „Прљаво казалиште“ не му изразил сочувство.

– Јас немам никаков проблем со нив, но нема баш и некоја комуникација. Па еве, не знам, Аки почина, ниту писмо ниту разгледница. Никој не ми изрази сочувство, нема да си ја згрешам душата, не знам… – рекол Хус.

Иако Хус тврди дека од нивна страна нема ривалство или нетрпеливост помеѓу бендовите, тој раскажал дека знае кога сето тоа започнало.

– Знам од каде почна, можев да раскажам приказна, имавме заеднички менаџер кој во еден момент го отпуштив, повеќе не се согласувавме, јас и Јајо за тоа разговаравме и претходно, и тој беше незадоволен, но кога менаџерот остана само нивен, тогаш тој се потруди, но со она класичното „подели и владеј“… Мислам, што да ви кажам, на мојот магнетофон што им го дадов бесплатно беше снимен концерт во Домот на спортот и „Роуз“ во живо и тоа. Се случи некоја причина, интрига, но Боже мој, секој сам одлучува за себе – рекол тој.

Во моментов течат подготовките за распродаден концерт во загрепската Арена, а во чест на Аки ќе свири и „Парни ваљак“. Рахимовски, според Хус, бил незапирлив.

– Не внимаваше на себе, но никој не очекуваше дека крајот ќе биде толку блиску. Аки беше незапирлив, без калкулација. Имаме серија концерти, тој на првиот до максимум. Можеше да пее од ден на ден. Да напишеше автобиографија, ќе беше опасна – рекол тој.

Хус исто така рекол дека пробите без Аки се болни, но дека поставувањето цели им носи олеснување, но никогаш нема да може да се збогува со Аки.

„Ќе поканиме гости да пеат. Публиката ќе пее. Никогаш конечно нема да можеме да се збогуваме со него, тоа е невозможно“, заклучил Хус.

Почина пејачот на „Парни Ваљак“ Аки Рахимовски на 67 годишна возраст

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Швајцарија ги укинува речиси сите мерки против Ковид-19

Следно

Чои со олимписки рекорд до третиот медал во Пекинг

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian