ФОТО | „Постојат два вида пејачки“: Наташа Беквалац сподели мисла на нашата Калиопи

1 min read

Српската пејачка Наташа Беквалац вчера одржа концерт во Бања Лука, а додека се подготвувала за настапот, нејзиниот шминкер Коста Миљковиќ ѝ кажал убава мисла на нашата Калиопи која Наташа реши да ја сподели со нејзините следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.

„Вчера слушнав нешто што ме воодушеви. Додека Коста Миљковиќ ме шминкаше за вчерашниот концерт во Бања Лука, тој ми го кажа следново: ‘Еднаш работев со Калиопи, прекрасна жена, и таа ми кажа нешто што ми се врежа во мислите, а мислам дека ќе го сфатиш. Пејачките се делат во две групи – оние кои ја сакаат музиката и оние кои се сакаат себеси.’ Феноменално“, напиша Наташа во описот на последните фотографии кои ги објави на Инстаграм.

Наташа доби бројни позитивни коментари на објавата, а една од оние кои искоментираа е и Јелена Карлеуша.

„Во тој случај, ти дефинитивно ја сакаш музиката“, ѝ напиша Карлеуша, додавајќи емотикон кој се смее.

Наташа Беквалац има три брака зад себе, а нејзиниот љубовен живот е „на пауза“ веќе подолго време!

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Британија им нуди вакцини на деца меѓу 5 и 11 годишна возраст

Следно

Шпанија ја победи короната, наскоро фудбал пред полни стадиони

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian