Дали знаете што е „сендвич“ генерација? Време е да дознаете!

3 mins read

Што е „сендвич“ генерација и зошто е токму оваа генерација под огромен притисок?

Ко на тостер. Во овој „сендвич“ спаѓаат луѓе кои имаат помеѓу 33 до 55 години.

Од една страна, приморани се да ги одгледуваат сопствени деца, а од друга да се грижат и за своите родители.

Pew Research aгенцијата за истражување на јавното мислење во САД, увидела дека 31% од луѓето од оваа генерација чувствува константен притисок. Нешто слично мислам дека би било и кај нас, иако немаме истражувања кои би го потврдиле овој факт. Со многумина врсници кои се во слична ситуација, кога го разговараме овој притисок, сфаќам дека веројатно секоја генерација е во таков „сендвич“ во одреден период. Но, во новите времиња со променети работни навики, атмосфера, пандемиски услови, овие работи дополнително го усложнуваат тоа чувство на немоќ и го зголемуваат притисокот.

Мајка и ќерка/Unsplash
Мајка и ќерка/Unsplash

Еве тргнувам од себе. Со мало дете и родители над 60 години, често се фаќам себеси како се загрижувам интензивно за „двете“ страни и буквално сум во сендвич. Емотивно, анксиозно и со грижа на совест ако не можам да ги видам моите подолго ( особено во пандемиски услови), или ако моето дете не е доволно прошетано, социјализирано (исто така во пандемиски услови).

Како се справуваме со овој притисок? Не знам, некако. Од визура на 34 годишна жена која е истовремено дете и мајка, ова е навистина длабок проблем кој ги засега сите од оваа генерација. Во поразвиените општества, едно од решенијата за олеснување на оваа генерација се зема предвид и времето кое им е потребно на луѓето за грижа на „двете страни“, па им се дозволува работа од дома или со скратено работно време. Така постапил гигантот „Google“.

„Сендвич“ генерацијата на пример е со 40 посто бројност во корпорацијата „Google“.  Следејќи го овој пример, и технолошките џинови како „Мeta“, „Netflix“, го направија истото. Само мора да се земе предвид дека компаниите во Америка не се обврзани да им овозможуваат платено отсуство откако ќе станат родители, само 23% од американските работници го имаат ова право.

Во одредени држави ситуацијата е многу подобра. Пример, во Естонија мајките имаат потполно платено отсуство 85 недели, во Унгарија е 72 недели, Бугарија 58 недели, а во Македонија 36 недели.

Oна што е загрижувачко за „сендвич“ генерацијата е постојаното ниво на анксиозност, стравот за иднината кој како да „зависи“ исклучиво од нашите постапки.  За да си помогнеме, веројатно треба да примениме едноставен совет – не сме семоќни и не треба да сме строги со себе.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

УЖАС: Гледале и споделувале детска порнографија, шест лица уапсени во БиХ

Следно

„Њујорк тајмс“: Валиева користела три лека за срце од кои два се дозволени од ВАДА

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian