Чои со олимписки рекорд до третиот медал во Пекинг

2 mins read

Лизгачката од Јужна Кореја, Чои Минјеонг го освои златниот медал во брзо лизгање на 1.500 метри на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Светската рекордерка и златната од претходните ЗОИ во Пјонгчанг, во финалето делницата од 1.500 метри ја излизга во време од 2:17.789 минути и со тоа дојде до третиот медал во Пекинг.
Претходно, Чои во квалификациската трка успеа да го собори и олимпискиот рекорд кој сега изнесува 2:16.831 минути.

Сребрениот медал и припадна на Аријана Фонтана која имаше време од 2:17.862 минути и дојде до 11 медал од Зимските олимписки игри и стана најтрофејна Италијанка во историјата на Зимските олимписки игри, додека брознениот медал го освои Сузан Шултинг од Холандија која оствари време од 2:17.865 минути.

Машката штафета на Канада го освои златниот медал на трката на 5.000 метри. Канаѓаните кои настапија во состав Чарлс Хамелин, Стивен Дубоа, Џордан Пјер-Гилс и Паскал Дион патеката ја излизгаа во време од 6:41.257 минути.

Сребрениот медал и припадна на Јужна Кореја (Јунесео Ли, Дехеон Хванг, Јунги Квак, Јангхјук Парк) која низ целта помина во време од 6:41.679 минути, додека Италија (Пјетро Сигел, Јури Конфортола, Томасо Доти, Андреа Касинели) го освои бронзениот медал.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Пријателот на пејачот си ја отвори душата: Аки почина, а никој од нив не изрази сочувство

Следно

ЗНМ: Новинар и снимател се нападнати со секира, бараме итна реакција од МВР

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian