Бугарскиот европратеник со нацистички поздрав го напушти Европскиот парламент

1 min read

Францускиот европратеник Сандро Гози ја повика претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола да реагира на недоличното однесување на нивниот колега од Бугарија Ангел Џамбаски, кој ја напуштил салата на Европарламентот со нацистички поздрав.

Ангел Џамбаски одговори дека само мавнал со раката отпоздравувајќи кон некого.

Претседателката на Европскиот парламент Мецола потоа реагираше на својот Твитер профил.

„Фашистички поздрав во Европскиот парламент за мене е неприфатливо – секаде и секогаш… Ваквиот потег е дел од нашата најтемна историја и таму мора да остане“, напиша Мецола.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Ливерпул за 90 минути два пати шутна и му даде два гола на Интер, Баерн во финишот се спаси од пораз

Следно

Мицкоски не сака да прави циркуси, ама драми може

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian