Богоевски: „Најспособната менаџерка во Европа“ целосно ја стопираше реконструкцијата на Универзална сала

1 min read

Градежните работи во Универзална сала се целосно стопирани откако ‘најспособната менаџерка во Европа’ седна во градоначалничкото столче на Град Скопје, напиша поранешниот пратеник, Павле Богоевски на својот фејсбук профил.

Сигурно бидејќи приоретизирала изградба на пет-шеесет училишта, осумдесет и две градинки, четириесет и пет улици и едно двеста игралишта од отчетот на мицко. Инаку, финансиите и за овој проект беа обезбедени уште пред избори, напиша Богоевски на социјалните мрежи.

Претходно беше соопштено дека иако Владата обезбеди речиси 2 милиони евра и склучен договор со изведувачот, градоначалничката Данела Арсовска повеќе од три месеци ја стопира реализацијата на овој проект.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шпанија ја победи короната, наскоро фудбал пред полни стадиони

Следно

СДСМ и Ковачевски против, дали ДУИ ретерира – Џафери порача дека нема проблем со Декларацијата за Делчев

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian