ЗОИ 2022: Над една милијарда Африканци претставени со само шестмина во Пекинг

1 min read

Африка со популација од 1,3 милијарда има само шестмина спортисти на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022. Африканците протестираат затоа што се претставени со толку малку натпреварувачи.

На ЗОИ 2018 во Пјонгчанг имаше рекордни 12 спортисти од осум нации од Африка, а во Пекинг има двојно помалку. Џејмс Меклеод, директорот за Олимписката солидарност при Интернационалниот олимписки комитет не сакаше да коментира дали тој факт е прифатлив, но, сугерираше дека може да се направат промени пред ЗОИ 2026 година.

Во ИОК ќе се разговара за квалификациските процеси со меѓународните спортски федерации по завршувањето на Пекинг 2022.

Алпските скијачи Шенон-Огбнаи Абеда од Еритреја, Карлос Медер од Гана, Мијалитијана Клерк и Матје Нојмулер од Мадагаскар и Мароканецот Јасин Ауих, како и нордискиот скијач Самуел Икпефан од Нигерија се натпреваруваа на ЗОИ 2022.

Акваси Фримпонг од Гана, кој учествуваше во натпреварите во санкање на ЗОИ Пјонгчанг 2018, повика на прилагодување на квотите за да им се даде на африканските спортисти поголема шанса да стигнат до ЗОИ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нова студија покажува дека во одредена возраст сме официјално стари

Следно

Зошто нема квота за Бугари во институциите? – прашува македонскиот Бугарин Митрев

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian