Жена ја испроба диетата на Викторија Бекам: Бев гладна и нервозна, домот ми мирисаше на риба

3 mins read

Новинарка на „Manchester Evening News“, Дајан Боурн, решила да ја испроба диетата на Викторија Бекам, за која неодамна дозна целиот свет. Таа го сподели своето искуство, не криејќи дека не е воодушевена од резултатот.

Откако славниот фудбалер Дејвид Бекам на почетокот на овој месец откри дека неговата сопруга Викторија веќе 25 години јаде ист оброк секој ден – исклучиво печена риба и зеленчук на пареа, наиде на бројни коментари на Интернет. Но, се чини дека тој поттикна некои луѓе да пробаат дали оваа диета може да им донесе нешто добро.

ФОТО | Викторија Бекам јаде едно исто јадење 25 години: Вака ја „издаде“ сопругот

Дајан решила да живее како Викторија една недела, без да јаде црвено месо, млечни производи и храна подготвена со масло, путер или сосови, а во својата репортажа признала дека не била многу воодушевена.

Имено, како што вели, после оброкот со прилично едноставен вкус, била прегладна и без енергија, а тешко ѝ паѓал и мирисот кој ѝ ја преплавил куќата.

Сè е прилично „блуткаво“

„Почнав со најскапата риба, бакалар, но бев прилично разочарана. Се обидов да надокнадам со зеленчук, но сè беше блуткаво. Си легнав прилично гладна и нервозна, бидејќи ме чекаше напорна недела“, изјави таа за „MEN“.

На репортерката не ѝ било јасно како ваквиот начин на исхрана ѝ ја дава потребната енергија на Викторија, бидејќи кај неа имала спротивен ефект.

„Обично одам на трчање во средината на неделата, но денес сум гладна и немам доволно енергија, и го прескокнав тоа. Можеби се смеам на фотографиите, но одвнатре плачам“, признала таа.

викторија бекам
Фото: Профимедиа

Како што вели, за да ја разбие оваа монотонија, повремено знаела да се почасти со чаша вино, исто како што тоа го прави Викторија, но тоа не ѝ било од голема помош.

40-годишната Боурн признала и дека оваа диета не е воопшто евтина, а дотогаш не била свесна колку е „скапо“ да се живее на свежа риба од обичен супермаркет.

Неделната сметка за нејзините оброци ја чинела 40 фунти само за риба и зеленчук, а таа посочува дека тука не бил вклучен остатокот од храната за нејзиното семејство. Исто така, останала без риба во средината на неделата, па морала да издвои дополнителни 15 фунти.

Како што одминувала неделата, нејзиниот ентузијазам за диетата не се променил…

„Целата куќа ми смрди на риба. Морам да ја празнам корпата за отпадоци секој ден за да биде поподносливо, но мирисот на морско ѓубре сè уште постои“, признала таа.

На крајот од својот експеримент, на крајот на неделата, Дајан решила да види дали придржувањето до оваа диета ќе направи промена во нејзината тежина. Но, била шокирана кога дознала дека воопшто не ослабела.

„Тоа беше доволна причина еднаш засекогаш да го прекинам овој експеримент и да се вратам на мојата секојдневна исхрана“, заклучила таа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бајден: Подготвени сме што и да се случи во врска со руско-украинската криза

Следно

ВИДЕО: Змија долга метар и половина прекина фудбалски меч во Гватемала!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian