Заврши снимањето на филмот „Кома“: Трогателна приказна полна со емоции

1 min read

Удрена беше и последната клапа на долгометражниот филм „Кома“ кој изминатиов месец се снимаше на неколку локации во главниот град.

кома
Моменти од снимањето на филмот „Кома“ / Фото: Приватна архива

Се работи за трогателна пријателска приказна полна со емоции, а креаторите на филмот велат дека никој нема да остане рамнодушен. Филмот е во режија на Агим Абдула чиј гостин беше големиот ирански режисер Шахрам Мокри.

кома
Моменти од снимањето на филмот „Кома“ / Фото: Приватна архива

Продуценти на филмот се Бунјамин Куртиши и Фидуш Ќамили, а директор на фотографија е Душан Кардалевски.

кома
Моменти од снимањето на филмот „Кома“ / Фото: Приватна архива

Главните улоги ги толкуваат Џевдет Јашари и косовскиот актер Насер Рафуна, а се појавуваат и големи актерски имиња од Албанскиот театар како Адем Карага, Рефет Абази и Теута Ајдини.

кома
Моменти од снимањето на филмот „Кома“ / Фото: Приватна архива

КОМА е поддржан од Агенцијата за филм, а сетот го посети и директорот Бојан Лазаревски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Белгија размислува за укинување на ковид сертификатите

Следно

Магнус Рибер од карантин до рекорд на скокалницата во Пекинг

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian