ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Од утре дожд, во петок и сабота дневни температури над 20 степени

1 min read

Повремени врнежи од дожд, а на планините повремен снег се очекуваат во текот на утрешниот ден. Ќе дува умерен, а долж Повардарието, повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Минималните температури утре ќе се движат од 0 до 6 степени, а дневните ќе достигнат до 14 степени.

Во четврток, минималните температури ќе бидат од 1 до 7 степени, а дневните од 12 до 19 степени. Во петок и сабота дневните температури ќе бидат повисоки, особено во сабота кога максималната температура ќе се движи од 14 до 22 степена.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Магнус Рибер од карантин до рекорд на скокалницата во Пекинг

Следно

Оскари 2022: Еве кои три жени ќе бидат водителки на престижната церемонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian