Во Скопје казни за голем број прекршоци, особено за пребрзо возење

1 min read

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 207 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 38 санкции за недавање првенство на пешаци, 20 мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се 16 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за возач почетник, пет мерки за нерегистрирани возила, 53 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

skopjeinfo.mk

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ системски ја уништува државата

Следно

ФОТО | Канје Вест „едвај“ чекаше да раскине со Џулија: Испрати камион со рози за Ким

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian