ВИДЕО: Манчестер сити го „прегази“ Спортинг и влезе во историјата на ЛШ

1 min read

Манчестер сити убедливо го совлада Спортинг на гостински терен во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите со резултта 0:5.

„Граѓаните“ ја оправдаа фаворитската улога во Лисабон и реваншот на „Етихад“ би требало само формалност за играчите на Пеп Гвардиола и рутински ја одработат задачата до пласманот во четвртфиналето.

Сите дилеми беа решени уште во првото полувреме кога водечкиот во Премиер лигата постигна дури четири гола и на тој начин влезе во историјата на најдоброто европско клупско натпреварување.

Сити е првата екипа која после првите 45 минути во првиот меч од нокаут-фазата на ЛШ успеала да постигне четири или повеќе голови.

Силва двапати се запиша во листата на стрелците во 17 и 44 минута, можеше да запише хет-трик во 50 минута, но тој погодок беше поништен поради офсајд.

По еден гол на стадионот „Жозе Алваладе“ запишаа Марез во седмата, Фоден во 32 и Стерлинг во 58 минута. Возвратната пресметка ќе се одигра на 9 март во Манчестер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Позитива на денот: Мало момче ја изненади симпатијата со букет цвеќе за Св. Валентин

Следно

Клековски: Прв чекор на ВМРО-ДПМНЕ е демократизација на земјата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian