ТФТ преку Берое до втората фаза во БИБЛ лигата

1 min read

Македонскиот кошаркарски клуб ТФТ во еден борбен и израмнет натпревар триумфираше денеска над Берое од Бугарија со резултат 95:88.

Во последниот меч од регуларниот дел од сезоната во балканското натпреварување, играчите на ТФТ славеа победа и со 50% ефект (5-5) се пласираа на четвртото место во групата „Б“, доволно за пласман во следната рунда.

Нашиот претставник беше подобар ривал во првата, а Берое во втората четвртина. Со таа разлика што домашната екипа имаше минимално водство од 20:18, во првиот дел од играта. На гостите им припадна втората во која минималната негатива ја претворија во водство од 46:41.

Израмнето се одвиваа работите и во третиот дел од играта. Гостите од Стара Загора најдоа начин како да го сочуваат тоа водство кое го стекнаа во првото полувреме. И по 30 минути од играта имаа сосема солидни 76:71.

Но, она што го бараа низ три четвртини, кошаркарите на ТФТ го пронајдоа во последниот дел. Негативата од шест поени ја претворија во водство. Во 35 минута поведоа со 84:80. А кога веќе дојдоа до таква предност, составот предводен од тренерот Боро Смилковски не дозволија да ја загубат.

Во победничките редови Ландриус Хортон беше прв стрелец со 29 поени, следен од Александар Костовски со 17. На спротивната страна 25 поени беа дело на Александар Георгиев, а четири помалку запиша Мартин Сотиров.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Принцезата Маргарет беше најголемата „закана“ за британската монархија: Нови детали од животот на сестрата на кралицата

Следно

Секој следен бран на пандемијата ќе биде послаб, но да почекаме уште малку, вели проф. Трајковски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian