Собранието ги повикува средните училишта да се пријават на активноста ,,Имам став”

1 min read

Собранието на Република Северна Македонија објави јавен повик до средните училишта да учествуваат во едукативната активност „Имам став“, која виртуелно ќе се одвива во март и април. Секое средно училиште може да се пријави на оваа едукативна активност која претставува симулација на процесот на поднесување предлог закон во рамките на Собранието.

Активноста е раководена од парламентарниот институт и ги поттикнува учесниците да имаат став во врска со политичките теми и да ги бранат своите ставови со аргументи. Целта е да се придонесе во развојот на демократската свест и да се подготват младите да имаат критичка мисла и општествена и политичка вклученост.

Симулацијата ќе започне на 15 март, а учениците од средните училишта може да се пријавуваат групно и ќе бидат предводени од најмногу тројца професори ментори. Овој едукативен настан се одржува од 2019 година. Сите учесници ќе добијат виртуелна обиколка на зградата на Собранието како и награди и признанија. Крајниот рок за пријавување е 20 февруари 2022 година.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Манасков ќе го напушти Веспрем на крајот од сезоната

Следно

СДСМ ја одби Декларацијата: Почитта кон Гоце Делчев е враќање назад во времето, а не напред (ВИДЕО)

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian