СДСМ ја одби Декларацијата: Почитта кон Гоце Делчев е враќање назад во времето, а не напред (ВИДЕО)

1 min read

СДСМ ја отфрли Декларацијата за Гоце Делчев, а со тоа пратеничката од истата партија од собраниската говорница на новинарско прашање одговори дека почитта кон Гоце е враќање назад во времето, а не напред.

-Ни пречи што со декларација сакаме да се враќаме назад, она што ние веќе го имаме за Гоце во нашата химна, во именувањето на улици, училишта во празнувањето на Гоце Делчев и почита кон него значи враќање назад, а не напред, рече таа.

Инаку освен СДСМ и ДУИ денес гласаше во Собранието против Декларацијата за Гоце Делчев во собраниската комисија за надворешни работи.

Пратеникот Антонијо Милошоски вели дека не е исклучена можноста за тргување со македонската историја.

-Не е исклучено токму дел од договорот да биде и тргувањето со македонската национална историја, вклучително и на оние великани коишто се основоположници на државата Република Македонија, рече Милошоски.

kurir.mk

Претходно

Собранието ги повикува средните училишта да се пријават на активноста ,,Имам став”

Следно

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Автомобил удри момче на протестот пред Палатата Србија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian