Распишани локалните избори во Србија за 3 април

1 min read

Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ ги распиша локалните избори за 3 април оваа година. Во Собранието на Србија, Дачиќ го потпиша Решението за распишување избори за советници на градските собранија и општинските собранија во Србија, јави Бета.

Избори за градски собранија ќе се одржат во Белград и Бор, а за општински собранија во Аранѓеловац, Смедеревска Паланка, Лучани, Медвеѓа, Књажевац, Бајина Башта, Дољевац, Кула, Кладово, Мајданпек и Сечањ.

Дачиќ изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ подоцна денеска ќе го распушти српскиот Парламент за да распише предвремени парламентарни избори за 3 април.

Тој најави дека изборите за претседател на Србија ќе ги распише на почетокот на март, 90 дена пред истекот на мандатот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Поскапе меѓуградскиот превоз, автобус Скопје-Охрид во еден правец сега чини скоро 700 денари

Следно

ФОТО | Инфлуенсерка од Бања Лука го „искара“ Ѓоковиќ: Ноле, еве ме по 40 хемотерапии и три вакцини

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian