Принцезата Маргарет беше најголемата „закана“ за британската монархија: Нови детали од животот на сестрата на кралицата

6 mins read

Две децении по смртта на нејзината сакана сестра, кралицата Елизабета Втора му дала дозвола на сега пензионираниот градинар Роди Левелин, љубовникот на нејзината сестра, да го посети вечното почивалиште на принцезата Маргарет.

74-годишниот Роди, кој осум години бил во врска со принцезата Маргарет, добил специјална дозвола да го посети нејзиното вечно почивалиште на годишнината од нејзината смрт.

Во средината на 1970-тите, кога нејзиниот брак веќе се распаѓал, таа започнала врска со 18-годишниот Роди Левелин, која траела речиси осум години со повремени прекини. Кога нивните заеднички фотографии во костими за капење некако стигнале до „жедните“ медиуми, бракот на принцезата Маргарет во 1978 година официјално се распаднал.

Само три години подоцна завршила нејзината љубовна приказна со младиот Роди, кој едноставно ѝ признал дека се вљубил во жена на негова возраст.

Сер Роди со години одбивал многу профитабилни понуди од светски медиуми да открие тајни од врската со Маргарет. Нивната афера, која била откриена по објавувањето на фотографиите на кои се гушкаат на Карибите, го забрзале крајот на бракот со прославениот фотограф, грофот од Сноудон.

Сер Роди, кој сега живее во село во југозападна Франција, очигледно побарал дозвола да го посети гробот на Маргарет, а кралицата е единствената личност која може да дозволи пристап до гробот на кралското семејство, и тоа и го направила.

„Одењето во Виндзор беше исклучително важен момент за мене. Немав ништо во мојот дневник освен два клучни датуми, а едниот беше да ја посетам капелата Сент Џорџ каде што е урната на Маргарет“, рекол Сер Роди.

Тој додал дека Маргарет експлицитно сакала да биде кремирана и дека не сакала да биде погребана во Фрогмор – нормални гробишта за помалите кралски семејства, кои таа ги сметала за премногу мрачни. Имено, била испочитувана нејзината желба и на денот на нејзиниот погреб, телото на принцезата било пренесено од замокот Виндзор во крематориум.

„Едноставно е наведена како „број осум“ во крематориумот. Можете ли да го замислите тоа“, истакнал Сер Роди.

Сер Роди бил 17 години помлад од неа кога ја запознал принцезата на домашна забава во Шкотска и тогаш ја започнале аферата.

Во тоа време медиумите пишувале дека кралицата била очајна поради животот на својата сестра, но Маргарет одбила да ја прекине врската со Роди по која било цена.

Сер Роди, кого принцезата еднаш го нарекла „својата последна голема љубов“, останал во добри односи со неа долго откако нивната врска прекинала. Во 1981 година Сер Роди се оженил со Татјана Соскин, стара пријателка, а Маргарет станала редовен посетител на домот на парот во Ворвикшир.

„По погребот на принцезата Маргарет, кралицата рече: „Би сакала само да го кажам ова: Ен, понекогаш беше прилично тешко, но многу ти благодарам што ја запозна принцезата Маргарет со Роди, бидејќи тој навистина ја усреќи“, во една прилика откри Ен Гленконер, една од најблиските пријателки на принцезата.

За принцезата Маргарет во тоа време кружеле приказни дека има арогантна природа, дека е блудница, обожава прескапи и раскошни фустани, пие вотка за појадок и половина шише вино за ручек, секогаш е присутна на луксузни забави.

Нејзината легендарна изјава се памети до ден денес – „Никој не го напушта моето друштво додека не дадам дозвола за тоа“, а велат дека била толку арогантна што дури ѝ кажала на сопствената мајка дека е само „обична ќерка на шкотски гроф“.

Скандали кои ја тресеа британската монархија

Еден од скандалите што ја „оцрни“ британската монархија, била нејзината долга и комплицирана романса со 16 години постариот Питер Таунсенд, близок семеен пријател и поранешен деловен асистент на нејзиниот татко.

Принцезата Маргарет тогаш имала само 22 години, а Питер бил во брак и татко на две деца, што им оневозможило да ја официјализираат својата романса.

И додека јавноста бурно навивала за љубовта и бракот на оваа двојка, очекувајќи романтичен исход како кога вујкото на Маргарет, Едвард абдицирал поради неговата сопруга Волис Симпсон, тоа никогаш не се случило.

Но, тогаш нејзиниот скандалозен љубовен живот всушност само што започнал. Во 1960 година, Маргарет се омажила за фотографот Ентони Армстронг-Џонс, подоцна Лорд од Сноудон, кој, пред да се омажи за принцезата, отворено уживал во секс и оргии со мажи и жени.

Интересно е и тоа што во текот на животот принцезата Маргарет повремено се допишувала со својата прва љубов Питер, а велат дека нејзиниот живот би бил сосема поинаков доколку можела да се омажи за него. Наводно, кралицата Елизабета силно жалела поради одлуката што не им дозволила да се венчаат, бидејќи токму нејзиното одбивање ја „натерало“ Маргарет да ѝ го „загорчи“ животот и континуирано да го срамоти кралското семејство.

Доцните години на Маргарет биле обележани со здравствени проблеми, пред се затоа што таа упорно ги одбивала советите од лекарите да се откаже од цигарите. Таа почина на 71-годишна возраст поради мозочен удар.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Руско-Украинска криза – хронологија во изминатите два месеца

Следно

ТФТ преку Берое до втората фаза во БИБЛ лигата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian