Поскапе меѓуградскиот превоз, автобус Скопје-Охрид во еден правец сега чини скоро 700 денари

1 min read

Од денеска патниците плаќаат од 15 до 20 отсто повисока цена на билетите во меѓуградскиот автобуски превоз, зависно од превозникот, објави Сител.

Зголемените цени на горивата, резервните материјали, струјата и прогласувањето на недела неработен ден, се наведуваат како причини за поскапувањето.

Во моментов најскапо е патувањето со автобус од Скопје кон Охрид и обратно, кое со последното зголемување во еден правец чини 680, додека повратен билет е 930 денари.

Возење во еден правец од Скопје до Гевгелија од денеска чини 520 денари, а повратниот билет е 770 денари.

„Секој превозник сам одлучува за цената. За поблиските релации, како за Куманово или Велес, цените се зголемени за 20,30 денари“, вели Масар Омерагиќ од „Руле турс“.

Граѓаните се изненадени. Без никаква најава, од денеска биле принудени да платат поскап билет.

За сега цената на меѓународниот превоз останува непроменета. Дали ќе има зголемување и за надвор од државата, ќе се знае до крајот на овој месец. Инаку превозниците неколку пати побарале помош од државата да им се намапалат патарините или да се откаже државата кај дел од акцизата, но за сега немаат добиено никаков одговор.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Интервју со Дарко Радуловиќ, тренерот со добро срце и шампионски менталитет: Во „новата ера“ на МЗТ се чувствувам како дома

Следно

Распишани локалните избори во Србија за 3 април

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian