Поради можни провокации Бугарија и Македонија нема да играат во Софија!?

1 min read

Раководството на Бугарската фудбалска федерација ја разгледува опцијата Бугарија да биде домаќин на Македонија на стадионот „Хувефарма Арена“ во Разград, дознаваат бугарските медиуми.

Бугарите ќе бидат првите ривали на најдобрите македонски фудбалери на 2 јуни 2022 година во првиот натпревар од Лигата на нации, во групата „4“ од Лигата Ц во која се и селекциите на Грузија и Гибралтар.

– Тоа може да се случи. Разговаравме со стручниот штаб некои од натпреварите да се играат на различно место од Софија. Една од опциите е да ја пречекаме Македонија во Разград. Но, ова се само разговори, во оваа фаза не е донесена конечна одлука – рече за „Sportal.bg“ техничкиот директор на националните репрезентации на Бугарија, Георги Иванов-Гонзо.

Како што е познато, репрезентацијата на Бугарија традиционално е домаќин на стадионот „Васил Левски“ во Софија каде од различни причини последната деценија ретко собира многу навивачи за да ја дадат поддршка за репрезентациите.

Една од причините за ваквата промена е трибините да бидат полни, а тимот да почувствува поддршка, бидејќи лесно може да се соберат 7.000 навивачи од 40.000, како и загриженоста за можни провокации од ултрасите во главниот град.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

На небото се случува редок настан, Војникот ја среќава убавицата: Спој на планетите Марс и Венера, што значи тоа за вас?

Следно

Д-р Петличковски: Не за шарлатантски дебати – третата доза штити од хоспитализација и смртност

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian