Парното двојно поскапува за фирмите, Владата со 2 милиони евра ќе ги помага повисоките сметки на граѓаните

2 mins read

По завршувањето на јануарскиот кризен циклус со топлинска енергија на територијата на Град Скопје, започнува нов во кој за време на привременото управување на ЕСМ со Балкан Енерџи Груп и останатите системи за загревање ќе треба да се издвојат уште 2 милиони евра, анализира ФАКТОР.

Овој пат нема да се купува природен гас, како што за тоа беа одвоени 6 милиони евра во февруари, туку со овие пари ќе се субвенционираат сметките на домаќинставата во висина на дополнителното зголемување на цената за 20 отсто на првичните 14 проценти кои беа одредени во јануари. БЕГ би требало да добие 1,7 милиони евра од оваа сума, а на сметките треба да има посебна ставка на која ќе биде наведено колкав е субвенционираниот износ.

Извори на „Фактор“ велат дека овие пари ќе бидат доволни за субвенционирање на домаќинствата до крајот на грејната сезона, односно до 1 јули, а потоа ќе се прават нови пресметки за начинот на плаќање.

Извесно е дека останатите потрошувачи, како што се претпријатијата и јавните институции, за месец февруари ќе плаќаат двојно поскапи сметки во однос на јануарските. За нив цената овој пат е зголемена за дури 100 отсто, покрај првичните 14 проценти во јануари, и оваа категорија нема да биде субвенционирана од Владата како што тоа ќе биде за домаќинствата.

Владата до Собранието го достави предлогот за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија. Важноста на овој предлог треба да трае до 30 април а треба да започне да се применува од 17 февруари.

Јануарските сметки до сега беа повисоки за 14 отсто и тоа се однесува на корисниците на БЕГ, Елем Енергетика и Скопје Север. Поскапувањето се должеше на енормниот раст на цената на природен гас на светските берзи.

Владата претходно префрли шест милиони евра на сметката на АД ЕСМ за да го преземе привременото управување со дистрибуцијата, снабдувањето и производството на топлинска енергија на Град Скопје, а парите ќе може да ги бара назад од следната година.

kurir.mk

Претходно

25 починати од ковид-19 и 1.269 нови случаи

Следно

Мицотакис и Ципрас се спречкаа во Парламентот околу Преспанскиот договор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian