Панел-дискусија: Сѐ уште е високо нивото на неказнивост на говор на омраза, потребно е подигнување на јавната свест

8 mins read

Сѐ уште е високо нивото на неказнивост во земјава ако се има предвид скромната судска практика за кривични дела поврзани со говор на омраза или други сериозни вербални деликти, покажува анализата на Македонскиот институт за медиуми (МИМ).

МИМ заклучува дека е потребно унапредување на заемната заедничка соработка на различни актери во општеството и на различни нивоа, меѓу различни засегнати страни – јавните институции, граѓанскиот сектор, медиумскиот регулатор и саморегулаторното тело, со цел да се подигне јавната свест и да се унапреди заемната соработка.

Според Весна Никодиноска, раководител на програми во МИМ, потребно е генерално подигнување на јавната свест за штетета што можат да ја предизвикаат дезинформациите и говорот на омраза во општеството. Таа рече дека и политичките елити треба да се посветат на фер, етички и професионална комуникација со јавноста, медиумите и нивните противници за да можат да се обезбедат информации во полза на јавниот интерес. Како што рече Никодиноска, повеќе анализи посочуваат дека токму политичарите се еден од генераторите на дезинформациите и говорот на омраза во нашето општество.

– Во однос на унапредување на регулативата за спречување на говорот на омраза, една од најефектните иницијатива е иницијативата за измени на Кривичниот законик што предвидува нападите врз новинарите и медиумските работници во иднина да се гонат по службена должност, а не по приватна тужба како што беше претходно предвидено. Анализите покажуваат дека во 26 судови имало пет судски случаи на говор на омраза. Во Основнот кривичен суд има еден судски случај за ширење на расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем. Во однос на регулацијата на дезинформациите, ова прашање е предмет на саморегулација, бидејќи во нашата земја не постои регулација за дезинформациите, рече Никодиноска на презентацијата на анализата „Регулаторна и саморегулаторна рамка за справување со говорот на омраза и дезинформациите во РСМ”.

Во анализата се наведува дека медиумската заедница и граѓанскиот сектор треба да ги поддржат механизмите за саморегулација во медиумската сфера за да го спречат непрофесионалното и неетичкото работење и да ја заштитат јавноста од дезинформации и непрофесионални информации објавени во традиционалните и онлајн медиумите.

-Онлајн медиумите и медиумската заедница треба да ги поддржат и да ги спроведат насоките за етичко известување на онлајн медиумите иницирани од СЕММ. Бизнис-заедницата, исто така треба да ги поддржи Насоките поради тоа што компаниите на овој начин ќе ја поддржат работата и на професионалните медиуми. Јавното обвинителство и МВР да бидат проактивни во гонењето на говорот на омраза, додека судството треба да ги процесира случаите, со оглед на тоа дека бројот на регистрирани случаи на говор на омраза што можат да доведат до дела од омраза е во пораст во измитатите години. Припадниците на полицијата, јавните обвинители и судството треба постојано да бидат обучувани во препознавање, процесирање и ефективно санкционирање на говорот на омраза во традционалните медиуми и на интернет. Обуката се препорачува и за новинарите што ги покриваат овие теми, вели анализата.

Марина Тунева, директорка на Советот за етика во медиумите на Македонија на денешната панел-дискусија „Ефикасноста на законските и саморегулаторните механизми за справување со говорот на омраза и дезинформациите во Северна Македонија” информира дека според резултатите од мнатогодишната анализа и работа на Комисијата за жалби при СЕММ, од 109 одлуки кои што се донедени, 91,3 проценти се однесуваат на интернет порталите. Таа посочи дека најмногу се жалат граѓаните, по нив следуваат новинарите и медиумите, граѓанските здруженија, а се почесто имаат претставки и од политичари – носители на јавни функции. Информира дека честопати граѓаните реагираат на бројните шекулации во медиумите, едностраното информирање, сензалицистичките информации, теоритите на загово р кои се шират во дел од медиумите, пренесување на информации без да се провери нивното потекло и реакции на говор на омраза во медиумите.

– Според наша статистика, се намалуваат пријавите во однос на говор на омраза во медиумите. Минатата година, нашата Комисија има донесено четири одлуки кои се однесуваат на нарушување на членот од Кодексот на новинари поврзано со говорот на омраза во медиумите. Она што не разочарува е што 54 проценти од донесените одлуки од страна на Комисијата се однесуваат на нарушувањето на членот 1 од Кодексот, односно за постоење на неточни и непроверени информации, непостоењето на втора страна, отсуство на најмалку два неповрзани извори на информации. Во 33 проценти од одлуките, се зборува за сензационализмот во медиумското информирање, рече Тунева.

Весна Бендевска, претседателка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, истакна дека КСЗ работи веќе една година согласно новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација што беше донесен во октомври 2020 година. Таа информира дека Комисијата веќе избрала нова постава – претседател е Кире Василев, а заменик Исмаил Камбери. Таа повика сите граѓани и претставниците на медиумите да се обратат до Комисијата и да побараат заштита, односно да не толерираат никаква форма на дискриминација изразена преку вознемирувачки говор.

Во досегашното работење, Комисијата има работено на предмети кои се однесувале на вознемирувачки говор. Многу лесто се случува, во поглед на општествените случувања на пример околу организацијата на „Парадата на гордоста” да се забележува зголемен број на случаи на говор на омраза врз основа на сексуалната ориентација или родовиот идентитет. Бендевска посочи дека досега имале случаи од голема лепеза на можни дискриминациски основи кои биле структуирани вознемирувачкиот говор.

Драган Секуловски, извршен директор на Здружението на новинарите на Македонија, информира за добиената нова пресуда во делот на говор на омраза на социјалните мрежи, односно на фан-страната на Фејсбук на Здружението. Секуловски истакна дека во периодот од 2011 до 2021 година има само пет правосилни пресуди за говор на омраза по член 319, а од нив само една е со ефективен казна затвор од пет месеци додека другите се со условна казна затвор.

– Тоа што сега го правиме, се обидуваме да го искористиме овој пример како судска пракса да ги убедиме и другите ситуации што ги имаме со пријави дека веќе имаме судска пракса воспоставена кај нас и дека веќе не мораме да разговараме само за Страсбург, туку и кај нас веќе има конкретна судска пракса што може да се искористи без разлика што ова е првостепена. Сепак, ова претставува добра основа за кревање на свеста. Трендот на така лесно да се закануваат луѓе пред се на новинари ќе биде значително намален, бидејќи ние ова ќе го користиме како кампања со цел да се истакне дека со злоупотреба на слободата говор се прекршуваат други права, во случајот безбедноста и потенцијално животот на новинарите, рече Секуловски.

Емилија Петреска-Камењарова од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги истакна дека во борбата против говорот на омраза е неопходно да се развива и негува контраговор, односно  алтернативен говор

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Женските младински репрезентации ги дознаа ривалите за европските кошаркарски првенства

Следно

Мехмедовиќ: Во моментов не може да стане збор за укинување на сертификатите за прележан Ковид-19

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian