ЈП Градски паркинг: Останете во возилото додека да добиете повратна порака

1 min read

Поради проблемот со процесирање на СМС пораките и казнувањето граѓани кои уредно испратиле порака, ЈП Градски паркинг известува дека постои решение за проблемот. 

ЈП Градски паркинг- Скопје ги известува корисниците на зонското паркирање дека понекогаш претпријатието се соочува со проблем при процесирање на пораките за паркирање или за стопирање на паркирањето, испратени од страна на корисниците.

„Станува збор за проблем од техничка природа на кој се работи на лоцирање и решавање. Сакаме да им посочиме на граѓаните кога се соочуваат со неприфатена смс порака за паркирање или стопирање на паркирањето, веднаш да се јават во контакт центарот на ЈП Градски паркинг- Скопје. Во меѓувреме плаќањето за паркинг услугата треба да го направат со греб картичка истакната на ветробранското стакло. Во овој случај, важно е нашите корисници да не го напуштаат возилото додека не добијат повратна порака дека паркирањето е дозволено и започнато или додека не постават греб картичка“, велат од претпријатието.

За подетални информации, граѓаните може да се обратат на телефонските броеви:
– Центар: 02 3 21 55 66
– Аеродром: 02 2 44 33 66
– Илинден: 02 3 29 82 10

skopjeinfo.mk

Претходно

Привремен прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид

Следно

Кардиолог тврди: Ова е најдобрата храна за вашето срце

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian