Нова студија покажува дека во одредена возраст сме официјално стари

2 mins read

Кога некој ќе рече дека годините се само бројка, а стари сме онолку колку што се чувствуваме дека сме стари. Овие реченици сакаме да си ги повторуваме, а веројатно и има вистина во тоа, но научниците сепак истражуваат во која доба и на која возраст точно сме „официјално“ стари.

Најновата студија открива дека староста почнува во мигот кога ќе наполниме 76 години.

Нашите дедовци и баби се чувствуваат барем 12 години помлади одошто навистина се, вели студијата „Treasure Trails“. Се покажало дека современите пензионери не веруваат дека се стари се додека длабоко не навлезат во 70 години од својот живот.

пензионери/Unsplash
пензионери/Unsplash

Речиси третина од испитаниците од група пензионери (38%) инсистира на тоа дека староста почнува откако ќе наполнат 80 години. Речиси половина од нив се чувствуваат способни и посилни од нивните родители во истото доба. Околу 40% тврдат дека „шеесетите се нови четириесет“, а секој десети испитаник пензионер се верува дека има повеќе енергија од сопственото дете.

Тајната на долговечноста е во дружбата со внучињата

Еден од петмина испитаници кажуваат дека играњето со внуците им помага во оддржувањето на виталноста, а две третини од нив сметаат дека решавање на најразлични загатки или крстозборки им помагаат да останат ментално стабилни.
Околу 28% од испитаниците постари од 60 години, вежбаат три до четири пати неделно, се наведува во студијата.

Баба и внуче/Unsplash
Баба и внуче/Unsplash

А што ве прави стари, доколку ги прашате милениумците? Еве што:

  • Користење готовина наместо платежни картички.
  • Примање сметки по пошта
  • Отмен прибор за јадење за специјални прилики
  • Пишување на хартија со пенкало
  • Пушење цигари
  • Кога почнува да ви пречи гласна музика
  • Повикување такси со телефон наместо со апликација
  • Одбивање да се гласа на избори
  • Користење Фејсбук
  • Читање книга
  • Разговори по телефон
  • Користење фотоапарат
  • Договарање состаноци без апликации за пронаоѓање партнер
  • Користење сателитска навигација
  • Конзумација на млечни производи

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пандов: Во СДСМ нема никаква идеологија околу која би се задржале

Следно

ЗОИ 2022: Над една милијарда Африканци претставени со само шестмина во Пекинг

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian