Нехумано е тоа што Касами ги објави имињата на хонорарците, вели Теута Арифи

1 min read

Поранешната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи вечерва во гостувањето на ТВ21 изјави дека општина Тетово платила услуги и различни социјални трансфери на одредени поединци и дека сето тоа во рамките на законот.

-Листата со наводни договори на дело од страна на Касами е обид за дискредитација на многу личности. Тие луѓе не биле сите вработени во општината, рече Арифи.

Таа додава дека тоа што биле објавено имињата на луѓето што имале договор на дело со општината е „нехумано“.

Новиот градоначалник на Тетово, Биљал Касами, вчера побара тие што земале плата, а не работеле во општината, да ги вратат парите.

-Вкупно 294 претходно вработени во општина Тетово или кои имале договор на дело не ми поднесоа извештај за тоа што сработиле, што значи дека земале плата, а не работеле. Буџетот е оштетуван за околу милион евра годишно. Ние ќе побараме овие средства да се вратат, ако треба и по судски пат. Разберете, за многумина не можевме два месеца договорите да им ги најдеме, скриени по фиоките, вели Касами.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Змија долга метар и половина прекина фудбалски меч во Гватемала!

Следно

Клековски: Првичните чекори на ВМРО-ДПМНЕ се демократизација на земјата и потребата од промена на политичкиот систем

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian