На небото се случува редок настан, Војникот ја среќава убавицата: Спој на планетите Марс и Венера, што значи тоа за вас?

3 mins read

Венера и Марс ќе се спојат во редок планетарен настан бидејќи се среќаваат трипати и ќе бидат заедно два и пол месеци. Ова е ретко зошто се спојуваат секои 18 месеци по 10 дена. Се сретнаа првпат на 7 јули 2021, па следната средба е на фебруари 16, па на 7 март.

Како што се доближиваат планетите една до друга ќе се зголеми желбата за спојување. Посетувајте јавни места, не знаете кога ќе сретнете некој. Средбата многу лесно може да се одржи околу 16 февруари, кога започнување на врска ќе биде идеално.

Голем неделен хороскоп (14 – 20 февруари): Близнаците ќе имаат оригинални идеи, на Рибите ќе им годи друштво…

Најпрво ќе се почувствува хемијата, погледите нема да можат да се сокријат…

Конјункција на две лични планети Марс и Венера е свечен чин. Се случува фузија на богот на војната Марс и божицата на љубовта и убавината Венера. Интересна енергија на две планети кои како антитеза една на друга се спојуваат на начин кој ќе предизвика нов почеток. Ќе се иницира голем нов циклус за сите нас во областа на љубовта, врските, креативноста, како и наоѓање на вистински пријатели, тимот и сродните души. Ова ќе се одвива во неделите и месеците што доаѓаат.

Дневен хороскоп за 12 февруари: Изборете се за вашата позиција

Астролошкиот настан најемотивно ќе влијае врз Јарците кои ќе чувствуваат дека средбата е запишана во ѕвездите, Биковите ќе кулминираат и нема да можат да ги задржат емоциите, Раковите ќе бидат мета на многу симпатии. Лавовите ќе зрачат со харизма и сексапил и многу лесно ќе им оди комуникација. Вагите ќе можат да ги официјализираат своите врски, додека Рибите ќе бидат ќе флертуваат на сите страни. На Скорпиите и Девиците љубовта ќе им дојде преку интернет или заеднички пријател. Стрелците ќе сонуваат за идеален партнер, но да внимаваат да не идеализираат некого, додека Близнаците ќе запознаат некој преку работа. Љубовната средба на Водолијата може да дојде преку одредена прослава, а на Овенот ќе му дојде љубовна средба кога најмалку очекува.

Во грчка митологија Арес(Марс) има афера со божицата Афордита (Венера) додека таа е венчана за богот Хефест. Тие се тајни љубовници и симболиката на конекцијата Марс-Венера е сексуална, затоа очекувајте вашето либидо да биде зголемено.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Автомобил удри момче на протестот пред Палатата Србија

Следно

Поради можни провокации Бугарија и Македонија нема да играат во Софија!?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian