Манасков ќе го напушти Веспрем на крајот од сезоната

1 min read

Како што е веќе познато, Дејан Манасков поради тешка повреда на коленото го пропушти Европското првенство кое се одржа во јануари.

Македонското лево репрезентативно крило на крајот од сезоната ќе го напушти Веспрем, денеска официјално соопшти унгарскиот клуб.

Манасков го облече дресот на Веспрем доаѓајќи од редовите на Рајн-Некар Левен во 2017 година и оттогаш беше важен играч на екипата.

По сезоната 2017/2018 беше избран за најдобар играч на сезоната и ја доби наградата „Карлос Перез“. Jа освои унгарската лига (2018/19), СЕХА лигата (2019/20, 2020/21) и Купот на Унгарија (2017/18, 2020/21).

Има постигнато 536 гола на 156 натпревари за Веспрем. Се здоби со повреда на коленото на 4 октомври 2021 година против Фејер-Б.А.Л. Веспрем. Моментно се опоравува со помош на клупските физиотерапевти и кондицискиот тренер.

– Ти благодариме за сè Деки, ти посакуваме сè најдобро во иднина! – објавија од унгарскиот ракометен клуб.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Оскари 2022: Еве кои три жени ќе бидат водителки на престижната церемонија

Следно

Собранието ги повикува средните училишта да се пријават на активноста ,,Имам став”

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian