Магнус Рибер од карантин до рекорд на скокалницата во Пекинг

1 min read

Норвежанецот беше голем фаворит во нордиската комбинација пред почетокот на Зимските олимписки игри 2022 во Пекинг. Вкупно две и пол сезони беше непобедлив во Светскиот куп.

Нордиската комбинација ги комбинира двете дисциплини на скијање и ски-скокови, а по овие вторите Јарл Магнус Рибер е во водство.

Младиот Норвежанец практично настапи без тренинг, бидејќи до утрото беше во карантин поради коронавирус, но и покрај успеа на скокалницата да запише рекорд од 142 метри.

Со таа дистанца, 24-годишниот Рибер би го освоил златото во ски-скоковите и со тоа е голем фаворит за олимписката титула бидејќи е одличен тркач на 10 километри.

Води пред Естонецот Кристијан Илвес (140 метри), кој исто така во последен момент доби стартна дозвола бидејќи досега беше позитивен и ќе стартува 44 секунди зад Норвежанецот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заврши снимањето на филмот „Кома“: Трогателна приказна полна со емоции

Следно

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Од утре дожд, во петок и сабота дневни температури над 20 степени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian