Лига Европа: Е. Пелистер не разочара против Ним во Франција

1 min read

Денеска во својот седми натпревар од групата „Д“ од Лига Европа екипата на Е. Пелистер загуби на гостувањето од Ним со 25:23. По пауза од четири месеци македонскиот вицешампион ја вкуси горчината на поразот.

На овој меч во Франција кај битолчани не настапија четворица стандардни и важни играчи, позитивни на ковид-19 се Матео Мараш и Немања Обрадовиќ, повреден е Мирко Радовиќ, а отсутен поради болест беше и Јосип Периќ.

Но, и покрај тоа Е. Пелистер се покажа како еден достоен и цврст противник, водеше во поголемиот дел од првото полувреме имаше највисоки „плус три“ позитива (8:5).

И на статот од вториот дел беше во предност нашиот претставник, на семафорот стоеше 16:14, но потоа противникот ја презеде резултатската контрола во своја корист.

Е. Пелистер доаѓаше до „минус еден“ неколку пати, но не и да направи целосен пресврт, па на крајот мораше да се помири со вториот пораз оваа сезона.

По четири погодоци имаа Маџовски, Мандалиниќ и Табоада, а на спротивната страна Санад 10 пати се запиша во листата на стрелците.

Во некомплетното седмо коло води Ним со 11 бодови, три повеќе од второпласираниот Ним, следуваат Спортинг (7) и Кадетен (6) кои треба да го одиграат својот меч, а по четири имаат АЕК и Татабања.

Во следното коло играчите на тренерот Жељко Бабиќ на 22 февруари на домашен терен ќе го пречекаат Кадетен од Швајцарија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Смртта на Боб Сагет ги крена експертите: Неговата повреда личи на удар со автомобил или со бејзбол палка

Следно

Ниту сум го оштетил општинскиот буџет, ниту сум овозможил да се оштети, вели ексградоначалникот на Гази Баба, Георгиевски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian