Комисијата за заразни болести препорача да почне скринингот во училиштата и да заврши најбрзо што може

1 min read

Во однос на скринингот во училиштата денеска Комисијата за заразни болести (КЗБ) даде препораки и насоки да се заложат одредени здравствени институции согласно методологијата која беше утврдена на денешниот состанок да се отпочне со скринингот и да се заврши во најбрзо можно време, истакна денеска портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ.

Целта, како што дополни, е да можеме да добиеме релевантни податоци за тоа каква е трансмисијата на вирусот во училиштата, особено поради информацијата која се однесува на лесно зголемување на бројките во возрасната група меѓу 6 и 14 години.

Методологијата, посочи тој, е утврдена, бројката која се однесува за деца кои би биле тестирани не би требало да биде поголема од 2000.

– Се смета дека периодот за кој би требало да бидат завршени сите процедури во тој скрининг не би требало да биде подолг од една недела, додаде Мехмедовиќ, одговарајќи на новинарски прашања по заедничката прес-конференција со претседателот на Комисијата, Александар Петличковски.

kurir.mk

Претходно

Зошто нема квота за Бугари во институциите? – прашува македонскиот Бугарин Митрев

Следно

Рама од Њујорк: Албанија беше бункер во темнина, а сега е непостојана членка на Советот за безбедност на ОН

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian