Клековски: Првичните чекори на ВМРО-ДПМНЕ се демократизација на земјата и потребата од промена на политичкиот систем

1 min read

Во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат М Телевизија, гостуваше членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Клековски каде во однос на залагањето на ВМРО-ДПМНЕ за една изборна единица тој истакна дека првичните чекори на ВМРО-ДПМНЕ се демократизација на земјата и потребата од промена на политичкиот систем.

„Првичните чекори се во насока на демократизацијата на земјата. Потребна е промена на политичкиот систем бидејќи ние имаме целосно окупиран политички простор од мали елити на малку политички партии“, посочи Клековски.

Тој додаде дека првиот чекор на ВМРО-ДПМНЕ е промена на изборниот законик. За него тоа би значело суштинско проширување на легитимитетот бидејќи ние во моментов имаме малкумина легитимни политичари.

Според Клековски клучниот период сега ќе биде внатрепартиската политика како ќе се менува и како ќе се менува политичкиот систем. Бидејќи ваквиот систем до сега покажа дека не води кон конфликт.

„Долгорочниот интерес на државата и општеството е зголемена легитимност на Собранието. Секое решение има добри и лоши страни. Во моментов ВМРО-ДПМНЕ се залага за една изборна единица, Алијанса за осум изборни единици, ДУИ за три изборни единици и затоа потребно е дијалог“, заклучи Клековски.

kurir.mk

Претходно

Нехумано е тоа што Касами ги објави имињата на хонорарците, вели Теута Арифи

Следно

ВИДЕО | Позитива на денот: Мало момче ја изненади симпатијата со букет цвеќе за Св. Валентин

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian