Кардиолог тврди: Ова е најдобрата храна за вашето срце

3 mins read

Болестите на срцето се сериозен проблем. Според СЗО, околу 17,9 милиони луѓе годишно умираат од кардиоваскуларни болести ширум светот. Најчеста форма на срцева болест е коронарната артериска болест.

Исхраната е клучен ризичен фактор кога станува збор за кој било вид на срцева болест. Консумирање многу заситени и транс масти може да доведат до повисок холестерол, што може негативно да влијае на здравјето на артериите предизвикувајќи таложење на наслаги (плака). Високиот крвен притисок, недостатокот или недоволното вежбање, дијабетесот и вишокот килограми се исто така водечки фактори за ризик од срцеви болести.

Бидејќи исхраната и начинот на живот се толку тесно поврзани со здравјето на срцето, д-р Вилијам Дејвис, кардиолог и автор на најпродаваната книга „Super Gut“ на „Њујорк тајмс“, откри која храна е најдобра за срцето.

Ферментирана зелка

Иако постојат многу намирници кои се здрави за срцето, д-р Дејвис сака луѓето да посветат посебно внимание на една.

„Мојата омилена храна за здравје на срцето која многу луѓе ја запоставуваат е кимчи, т.е. традиционално ферментирана зелка, која е популарна во Кореја и често се јаде со секој оброк“, истакнува докторот.
Кимчи, основна храна во корејската кујна, е традиционален гарнир од ферментиран зеленчук, како што се зелка, ‘рдоква, краставица… Кимчи е направен од широк спектар на зеленчук, но главната компонента е зелката, која е ферментирана. Обично се додава разновиден избор на зачини и зеленчуци, вклучувајќи млад кромид, лук, ѓумбир, лута пиперка итн. Корејците веруваат дека кимчиите се извор на долговечност и здравје, а американското списание „Здравје“ го вклучило во првите пет најздрави јадења во светот.

Како ферментираната храна може да му помогне на вашето срце?

„Процесот на ферментација значи дека обично се присутни многу корисни микробни видови. Овие микроби создаваат многу придобивки за луѓето. Тука спаѓаат намален шеќер во крвта, намалена отпорност (резистентност) на инсулин, намалени воспаленија во целото тело и производство на витамините Б1, Б2, Б7 и Б9“, набројал д-р Дејвис.

Со други зборови, ферментираната храна може да ви помогне да имате здрава цревна микробиота, што, пак, може да помогне во намалувањето на ризикот од работи како високиот крвен притисок и хроничните воспаленија, кои се ризични фактори за кардиоваскуларните болести.

Според „Харвард здравје“, постои огромна поврзаност помеѓу микробите кои се наоѓаат во вашите црева и вашиот кардиоваскуларен систем, што значи дека одржувањето на здрави црева може да ви помогне и да имате здраво срце.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЈП Градски паркинг: Останете во возилото додека да добиете повратна порака

Следно

Владата ќе ја одржи 14. седница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian