ФОТО | Канје Вест „едвај“ чекаше да раскине со Џулија: Испрати камион со рози за Ким

1 min read

Канје Вест како едвај да чекаше да раскине со неговата сега поранешна девојка Џулија Фокс за да направи уште еден несекојдневен потег.

Вчера на неговиот инстаграм-профил осамна бизарна фотографија од црн камион во чиј заден дел имаше тон рози.

„Мојата визија е кристално јасна“,  напиша раперот во описот на фотографијата.

Камион со рози/Канје/Фејсбук
Камион со рози/Канје/ Фото: Фејсбук

Камионот со рози бил испратен директно до домот на Ким за Денот на вљубените.

44 годишниот рапер минатата година се раздели од својата сопруга, ѕвездата на ријалити шоуто „Keeping Up with the Kardashians“, Ким Кардашијан со која беше седум години во брак. Нивната врска беше бурна, а бракот турбулентен и полн со драма. Од бракот тие имаат четири деца.

По сè изгледа, Канје не успева да си ја смири душата по разводот, а периодов имаше неколку јавни испади со кои ја бараше Ким назад. Тој споделуваше и бришеше фотографии со обвинувања директно упатени до Ким, нејзиниот моментален партнер, па и целото семејство Кардашијан.

Ким Кардашијан ја објави првата фотографија по гласините за развод со Канје Вест

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Скопје казни за голем број прекршоци, особено за пребрзо возење

Следно

Ѓоковиќ: Јас не бев депортиран од Австралија затоа што не бев вакциниран

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian