„ДКСК се обидува да направи привид дека нешто работи, а всушност не работи ништо, јавно ги повикуваме да отворат случај за местени тендери кои ги обелоденивме преку прес конференции“

1 min read

Антикорупциската комисија извесен период се обидува да направи привид дека нешто работи, а всушност ништо не работи. Постапките кои ги завршува одвреме навреме се за некаков поздрав, но ноторен е фактот дека стотици претставки за сериозна корупција и криминал стојат во фиоките на антикорупционерите, само затоа што не и одговараат на власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Јавно, ја повикуваме ДКСК да отвори постапка за случаевите со местени тендери кои изминативе денови ги презентира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференции, каде што произнесовме сериозни докази и изразивме сомнеж за сериозен криминал и можни коруптивни зделки на власта.

Еклатантните примери на местење тендери со однапред договорени спецификации, цени и проценти за мито на релација фирми-градоначалници од СДСМ, кои деновиве јавноста имаше можност да ги види, се доволни за да ДКСК отвори постапки и ги истражи.

ДКСК треба да биде ажурна антикорупциска комисија, а не заспан заштитник на криминалот. Доколку имаат волја да се борат против криминалот на СДСМ, ние им стоиме на располагање уште веднаш, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

kurir.mk

Претходно

Д-р Петличковски: Не за шарлатантски дебати – третата доза штити од хоспитализација и смртност

Следно

100 дена Гази Баба се гради и менува: Што се е направено од почетокот на мандатот на Стефковски?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian