Бугарскиот претседател го свика Консултативниот совет за национална безбедност заради тензиите со Русија

1 min read

Бугарскиот претседател Румен Радев свика состанок на Консултативниот совет за национална безбедност поради закани за националната безбедност и состојбата на вооружените сили.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на Советот ќе присуствуваат парламентарните партии и клучни владини претставници, а темата се ризиците и заканите по националната безбедност на Бугарија и состојбата на вооружените сили, како и неопходните мерки.

Предвидено е да има посебен извештај на началникот на бугарската армија, адмирал Емил Ефтимов.

Бугарските меди уми потсетуваат дека Консултативниот совет за национална безбедност се одржува по изјавата на министерот за одбрана, Стефан Јанев, дека акумулацијата на руски војници на границата со Украина ја загрозува бугарската национална безбедност.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Променливо облачно време со температура до 12 степени

Следно

Во Шпанија разбиени две ќелии на Исламска држава, уапсени петмина осомничени исламисти

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian