Агуеро: Чувствувам дека срцето не ми работи како што треба

1 min read

Поранешниот аргентински фудбалер Серхио Агуеро ја заврши професионалната кариера поради проблеми со срцето, а сега изјави дека сè уште не се чувствува здрав.

Агуеро стави крај на својата богата кариера на 15 декември 2021 година, а последен клуб во кариерата му беше Барселона.

Многумина се надеваа дека легендарниот напаѓач може да се врати кога ќе се опорави, но се чини дека тоа нема да се случи.

– Кога повторно се обидувам да играм фудбал, останувам без здив. Понекогаш се прашувам дали некогаш повторно ќе можам да трчам. Едноставно чувствувам дека срцето не ми работи како што треба – рече Агуеро.

Најголемиот успех во кариерата го постигна играјќи за Манчестер сити.

За „граѓаните“ одигра 390 натпревари и постигна 260 гола со 73 асистенции. Клучниот гол го постигна во 2012 година во четвртата минута од судиското надополнување во последното коло за победата против Квинс Парк Ренџерс со 3:2, и така Ситистигна до првата титула по 44 години.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Откриен идентитетот на чуварот кој нацрта очи на милионската слика: Будала сум, мислев дека е детски цртеж!

Следно

25 починати од ковид-19 и 1.269 нови случаи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian