ЗОИ Пекинг: Златен медал за Австрија во ски-скокови, Словенците сребрени

1 min read

Репрезентацијата на Австрија во скијачки скокови го освои златниот медал во екипна конкуренција на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Австријците во состав Штефан Крафт, Даниел Хубер, Јан Херл и Мануел Фетнер беа надобри по четирите серии и триумфираа со 942.7 бодови. Ова воедно е прв златен медал во екипна конкуренција за Австрија по пауза од 12 години.

Второто место и сребрениот медал го освоија Словенците со освоени 934.4 бодови. За Словенија скокаа Петер Превц, Тими Зајц, Цене Превц и Ловро Кос и на својата земја и го донесоа првиот медал во екипна конкуренција по 20 години.
Ова беше четврти медал за Словенија во скијачки скокови. Златен медал освои Урша Богатај кај дамите, како и мешана репрезентација, додека бронзен медал освои Ника Крижнар.

Бронзата им припадна на Германците кои имаа 922.9 бодови, само 0.8 бодои повеќе од Норвешка која зарвши на четвртото место. За Германија скокаа Константин Шмид, Штефан Лаје, Ларкус Ајзенбихлер и Карл Гајгер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Најлајкуваната фотографија на Супербол: Ќерката на Еминем го бодреше татка си

Следно

Триглав Смарт картичка – нова картичка за лојалност на Триглав Осигурување Живот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian