ЗОИ Пекинг: Во Пјонгчанг останаа без злато бидејќи Пападакис ги „покажа“ градите, а сега ги воодушевија и конкурентите

1 min read

Француската двојка во уметничко лизгање, Габриела Пападакис и Гијом Сизерон го освои златниот меда во дисциплината „слободни танци“ и ја збогати колекцијата медали од најголемите натпреварувања. Пападакис и Сизерон до златото на ЗОИ во Пекинг дојдоа со освоени 226.98 бодови, што е нов светски рекорд.

Француската двојка со овој успех заборави на разочарувањето кое го доживеа пред четири години на Игрите во Пјонгчанг кога на падот до олимпискиот златен медал ги запре костумот на Пападакис на која и „излегоа“ градите за време на нивниот настап поради што го освоија сребрениот медал.

Четирикратните светски и петкратните европски шампиони, со својата изведба ги кренаа на нозе и публиката и противничките двојки и нивните тренери.

Второто место и сребрениот медал го освоија актуелните светски шампиони, Русите Викторија Синицина и Никита Кацалапов со освоени 220.51 бодови.
Бронзата отиде на градите на Медисон хубел и Закари Донохју кои освоија 218.02 бодови.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Што прави денеска: Агни Авшар, музичарка и пејачка

Следно

Ковачевски со критики до градоначалниците: Ветувањата дадени во изборната кампања, не се реализираат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian